Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > СИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ МЕЧЕВИ НА ФК ВАРДАР ВО ЕВРОПСКИ РАМКИ

СИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ МЕЧЕВИ НА ФК ВАРДАР ВО ЕВРОПСКИ РАМКИ

Вардар има долга богата фудбалска историја која датира уште од 1947 година со неговото основање . Прв меѓународен официјален меч го имаше во сезоната 1961/62 година кога како Шампион на Југословенскиот “Куп на Маршалот “ се сретна со Данфермлајн во КПК. Последен е полани со Стеауа Романија. Вардар има одиграно 60 официјални меча на кој има како позитивни резултати забележано 14 победи и 17 нерешени мечеви .Се надеваме најмалку со 4 ако не и повеќе ги дополниме оваа сезона.

ФК Вардар со меѓународни мечеви почнал веднаш по одсновањето тоа биле пријателски мечеви еве ги мечевите во првата сезона кога е формиран црвено-црниот свет клуб:

Славија (Софија) – Вардар 0:0
Дерменџи (Џумаја) – Вардар 0:3
Вардар – Партизан (Тирана) 3:0
Вардар – Септември ( Софија) 4:0
Вардар – Септември ( Софија) 2:0 

На следнава табела ќе можете да ги погледнете сите ОФИЦИЈАЛНИ мечеви, сезоната во која се одиграни,  резултати , во рамки на кое натпреварување се одиграни од 1962 до денес.

 

СЕЗОНА НАТПРЕВАРУВАЊЕ РУНДА ПРОТИВНИК РЕЗУЛТАТ
1961/62 Куп на победници на купови 2. коло Данфермлајн 0-5 2-0
1967/68 Митропа Куп осминафинале ЛАСК Линц 0-0 2-1
четвртфинале Каљари 1-0 1-0
полуфинале Спартак Трнава 1-4 2-2
1969/70 Митропа Куп осминафинале Адмира 2-2 0-3
1970/71 Митропа Куп осминафинале Вашаш 1-1 2-3
1985/86 Куп на УЕФА 1. коло Данди Јунајтед 1-1 0-2
1987/88 Куп на европски шампиони 1. Коло Порто 0-3 0-3
1994/95 Куп на УЕФА квалификации Бекешчаба 1-1 0-1
1995/96 Куп на УЕФА квалификации Ибериа 1-0 2-0
1. коло Бордо 0-2 1-1
1996/97 Куп на УЕФА квалификации Горица 1-0 2-1
1. коло Халмштад 0-0 0-1
1998/99 Куп на победници на купови квалификации Спартак Трнава 0-1 0-2
1999/00 Куп на УЕФА квалификации Легија Варшава 0-5 0-4
2001/02 Куп на УЕФА квалификации Стандард Лиеж 0-3 3-1
2002/03 Лига на шампиони квф. (1. Коло) Дуделанж 1-1 3-0
квф. (2. Коло) Легија Варшава 1-3 1-1
2003/04 Лига на шампиони квф. (1. Коло) Бери Таун 3-0 1-2
квф. (2. Коло) ЦСКА Москва 2-1 1-1
квф. (3. Коло) Спарта Прага 2-3 2-2
2003/04 Куп на УЕФА 1. Коло Рома 0-4 1-1
2004 Интертото 1. Коло Етникос Ахна 5-1 5-1
2. коло Гент 1-0 0-1 (п)
3. коло Шалке04 0-5 1-2
2005/06 Куп на УЕФА квф. (1. Коло) Елбасани 1-1 0-0 (а)
квф. (2. Коло) Рапид (Б) 0-3 1-1
2006/07 Куп на УЕФА квф. (1. Коло) Роселаре 1-2 1-5
2007/08 Куп на УЕФА квф. (1. Коло) Анортозис 0-1 0-1
2012/13 Лига на шампиони квф. (2. Коло) БАТЕ Борисов 2-3 0-0
​2013/14 Лига на шампиони квф. (2. Коло) Стеауа Букурешт 0:3 1:2