Денес на стадионот во Железарница, нашиот фудбалски шампион игра натпревар во рамките на петтото коло од првата Македонска фудбалска лига. Противник на црвено-црните ќе биде екипата на Скопје, која минатата сезона се натпреваруваше во втората Македонска лига. Интересно тимот на Скопје се уште нема забележано победа во новата сезона и се наоѓа на последното место на табелата со само два освоени бодови, или имаат два нерешени резултати и два порази. Уште поинтересно е што денешниот противник се уште нема постигнато ниту еден гол во ПМФЛ оваа сезона, додека последните два првенствени натпревари ги заврши со нерешен резултат, односно без постигнат гол 0:0. Скопје по шест сезони се врати во ПМФЛ, откако последен пат се натпреваруваше во најсилната лига, во сезоната 2010/11.
Очекуваме да видиме како Вардар ќе одигра после премиерниот настап во групната фаза од лигата на Европа, кога во четвртокот беше убедливо поразен од екипата на Зенит. На денешниот натпревар со Скопје нема да настапат повредените Новак, како и Итало и Брдаровски кои предвреме го напуштија теренот против екипата на Зенит. Вардар е голем фаворит на овој дуел, кој треба да ја продолжи серијата на победи во лигата, откако претходно ги совладавме Победа и Силекс. Мечот на Железарница стартува од 15:30 часот.