Преостануваат уште три дена до големата фудбалска пресметка помеѓу големите ривали за титулата оваа сезона во ПМФЛ Вардар и Шкендија. И двете екипи на неполни три дена до почетокот на натпреварот најавуваат отворена игра и победа. Ние очекуваме од нашите играчи да одиграат борбен натпревар, со голема пожртвуваност за секоја топка што ќе донесе уште поголема поддршка од трибините. Очекуваме Вардарци да нападнат уште од првата минута бидејќи знаеме дека во моментов нашите момци имаат поквалитетен состав од противникот, тоа нашите играчи го докажаа на натпреварот во Куманово во есенскиот дел од сезоната кога победивме со три гола во мрежата на Шкендија.
Од друга страна очекуваме сите навивачи на Вардар да дојдат на стадион и да бидат 12-сетиот играч. Во еден фер и коректен амбиент да го бодриме нашиот тим кон победа и задржување на лидерската позиција на табелата. Поради големиот интерес билетите од денеска може да се набават по цена од 100 денари.
Се гледаме во недела во 16 часот на Националната ”Арена Филип II”