Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Скопје е следниот противник за вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во регионалната-скопска лига
Скопје е следниот противник за вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во регионалната-скопска лига

Скопје е следниот противник за вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во регионалната-скопска лига

До крајот на сезоната во регионалната-скопска лига преостанува да се одиграат уште три кола. Во текот на утрешниот ден, генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година ќе гостуваат на екипата на Скопје, на теренот во Нова Колонија. Мечевите ќе се одиграат во 10 и 11:30 часот.

Натпреварот е многу поважен за генерацијата “2003“ која е во борба за титулата. Избраниците на “Чунга Лунга“ имаат осум бодови повеќе од нивниот директен конкурент за трофејот, тимот на Шкендија, па триумф во дуелот со Скопје ќе значи и одбрана на шампионската титула во лигата. Денес екипата на Шкендија загуби од тимот на Милано. Црвено-црните се фаворити во овој дуел, на кој се очекува да ја забележиме третата последователна победа во дуелите со екипата на Скопје во оваа сезона. Во есенскиот дел на истиот терен го победивме противникот со резултат 1:6, додека на теренот на Академијата бевме исто така подобри, остварувајќи победа со резултат 5:1.

Генерацијата на Вардар родени “2004“ година веќе ја обезбедија двојната круна за оваа сезона, па последните три кола ќе бидат само формалност за избраниците на Кралевски. Во четвртокот, црвено-црните триумфираа во купот, откако на пенали ја победија екипата на Шкендија. И тука сме фаворити за победата,која би била трета во меѓусебните дуели оваа сезона со екипата на Скопје. На истиов терен во есенскиот дел славевме со резултат 0:2. додека на домашен терен победивме со 5:0.