Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Шкупи на “колена“, Вардаровите кадети како “препородени“ во пролетниот дел од сезоната
Шкупи на “колена“, Вардаровите кадети како “препородени“ во пролетниот дел од сезоната

Шкупи на “колена“, Вардаровите кадети како “препородени“ во пролетниот дел од сезоната

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар направија уште еден чекор понапред кон освојување на титулата во првенството. Денес на теренот во с. Сингелиќ, црвено-црните јунаци ја надиграа екипата на Шкупи, победувајќи со убедливи 1:4

Домашната екипа беше таа која прва го отвори резултатот на овој меч и тоа со гол од белата точка. Оваа почетна негатива никако не ги обезхрабри нашите надежи, кои како да се налутија по примениот погодок, па до крајот ја наполнија мрежата на Шкупи. Набргу израмнивме со голот на Никола Серафимов за 1:1. До крајот на првото полувреме успеавме да направиме комплетен пресврт, со голот на капитенот Дејан Маркоски. Со резултат 1:2 се замина на полувреме.

Шкупи освен голот речиси и да не направи никаква друга посериозна прилика кон нашиот гол. Избраниците на Влатко Колев оваа сезона се како препородени и ова е веќе нивна петта првенствена победа. Подобри бевме на теренот и во вториот дел, што резултираше со уште два гола во мрежата на Шкупи. Дејан Маркоски со својот втор погодок зголеми на 1:3 и како да ја најави победата од овој меч. Точка на овој дуел за предност од 4:1 стави Дамјан Менкиноски. Кадетите ја поминаа и оваа пречка и ја продолжуваа борбата за титулата. Ќе се чекаат резултатите од директните конкуренти, екипите на Шкендија и Металург, па можеби и Вардар да биде и лидер после ова, секако зависно од исходот на натпреварите на споменативе екипи.

ФК Вардар: Тимевски, Серафимов, Јорданоски, Џуклевски, Петревски, Скендерки, Насковски, Абдул Скор, Дишлиевски, Трајчевски, Маркоски.