Денешниот противник на црвено – црните, украинскиот Металист Харкив оваа сезона игра многу лошо во првата украинска лига. Откако од тимот си заминаа многу звучни имиња, тимот на Металист Харкив оваа сезона реши да настапува во својата лига со само еден интернационалец, што во минатите години не беше никаков случај кога се работеше за оваа екипа. Сите познавачи на фудбалот добро се сеќаваат на оваа екипа, Металист Харкив во минатото настапуваше и во Лигата на Европа. Во екипата на Металист Харкив настапувале играчи како Соса, Марлош, Гомес и уште многу интернационалци од Аргентина, Бразил и тн, но тоа беше друго време во Металист Харкив.
Оваа сезона во тимот на Металист Харкив има само еден интернационалец, се работи за хрватскиот играч Родиќ, кој додуша оваа полусезона настапи само на четири натпревари, и постигна еден погодок. Металист Харкив неочекувано беше исфрлен и од купот на Украина. Во домашното првенство се наоѓа дури на 11-сетото место со само 11 бодови, од 16 одиграни натпревари. Останува да видиме како нашиот ФК Вардар ќе се покаже против овој тим на Металист Харкив, кој оваа сезона бележи лоши настапи во украинската премиерлига.