Tренерот Чеде Јаневски го дефинираше составот на Вардар со кој денеска ќе го одигра натпреварот против Ренова во рамките од 6-тото коло од Првата македонска фудбалска Лига. Натпреварот се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, и започнува во 15:30 часот.
На голот на нашиот тим е Филип Гачевски. Во одбраната се најдоа Ховханес Хамбарџумјан, Горан Попов, Висар Муслиу и Бесир Демири. Во средниот ред на Вардар ќе бидат Никола Глигоров, Бобан Николов и Хуан Фелипе, како поддршка за тројцата во нападот Дејан Блажевски, Петар Петковски и Тигран Барсегјан.
На клупата за резерви на Вардар се најдоа: Игор Алексовски, Џамбул Џигаури, Вања Марковиќ, Ацо Стојков, Бојан Колевски, Тодор Тодороски и Дарко Глишиќ.