Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Тино Спасиќ: Очекувам во пролетниот дел да бидеме уште подобри и секако да го освоиме првото место во детската лига
Тино Спасиќ: Очекувам во пролетниот дел да бидеме уште подобри и секако да го освоиме првото место во детската лига

Тино Спасиќ: Очекувам во пролетниот дел да бидеме уште подобри и секако да го освоиме првото место во детската лига

Една од најуспешните генерации на фудбалскиот клуб Вардар во есенскиот дел од сезоната е секако генерацијата родени “2005“ година кои ги предводи тренерот Игор Кралевски. Дел од нив е Тино Спасиќ, играч кој ветува во иднина да прерасне во врвен фудбалер. Од големо значење за екипата која е есенски шампион во детската лига. Располага со фудбалски квалитети и големо чуство за игра. Играч кој е задолжен за средината на теренот, да прекинува противнички акции, но во исто време и да биде организатор во играта на својот тим. Во наредново интерву ќе ве запознаеме со членот на ФК Вардар генер. “2005, а тоа е токму Тино Спасиќ.

1. На колку години започнавте да играте фудбал и кој беше ваш прв тренер со кој работевте ?

-Желбата за фудбал ми се роди на кога имав шест години. Тогаш мојот татко направи локално фудбалско школо каде што тренирав јас. Потоа отидов на осум години во Вардар, каде прв тренер ми беше Зоран Петковски.

vardarfans-gener-20051-660x330-660x2892-660x289

2. Како ја видовте изминатата полусезона, каде со двте екипи завршивте на првото место во овој дел од детската лига?

-Есенскиот дел од сезоната беше многу успешен. Играта беше на високо ниво и резултатите беа не миновни и со максимален број на освоени бодови го завршивме првиот дел од натпреварувачката сезона. На секој натпревар се залагавме до последната минута и никогаш не го потценувавме противникот. Против Вардар секој сака да одигра најдобро, затоа не беше лесно на секој натпревар да се забележуваат победи. Сепак желбата за надигрување и победа кај нас секогаш беше поголема, па не дозволивме на ниту еден противник да ни одземе бод.

217

3. Која е вашата позиција на теренот каде најдобро можете да одговорите на поставените задачи од тренерот?

-Играм на средината на теренот,максимално се залагам и допринесувам за добри резултати со што ја оправдувам довербата на мојот тренер Игор Кралевски. За да станеш успешен фудбалер мора да си подготвен да играш на секој дел од теренот, каде тренерот мисли дека во тој момент ќе бидеш најкорисен.

4.Во новата сезона имате можност да работите со Игор Кралевски кој има големо играчко исксутво. Како е да се работи под негово водство и дали кај вашата генерација има напредок во играта по неговото превземање?

-Тренерот Игор Кралевски е многу добар, амбициозен и вреден тренер кој не себично го пренесува своето искуство на нас. Под негово водство имаме голем напредок, тој се труди да го извади максиумот од секој играч и да му наметне победнички менталитет. Самите резултати во есенскиот дел говорат за каков стратег се работи.

5. Што претставува за вас играњето во  Вардар ?

-Вардар е гигант и најголем спортски бренд во Македонија. Со задоволство го носам црвено црниот дрес и чест е да си дел од клуб кој е организиран на највисоко ниво.

6. Кое е вашето мислење за проекот на ФК Вардар, наречен “Јуниор“ лига ?

-“Јуниор“ лигата за мене е одличен проект кој ни овозможува да се афирмираме како млади играчи. Идеја за отпоздравување, натпреварување кое им овозможува на сите играчи кои сакаат да се занимаваат со фудбал, да ги покажат своите квалитети и еден ден да бидат поблиску до Вардар.

316

7. Какви се очекувања за пролетниот дел од сезоната во детската лига ?

-Очекувам во пролетниот дел да бидеме уште подобри и секако да го освоиме првото место во нашата генерација. Секако дека нема да биде лесно, но ние сме Вардар и веруваме дека можеме да стигнеме до посакуваната цел. Со напорна работа и максимално залагање за време на натпреварите, сметам дека може да се стигне до врвот. Секако и среќата да биде на наша страна во моментите кога се одлучуваат мечевите.

8. Дали имате некоја визија или зацртана цел за во иднина ?

-Прво да ги поминам сите младински категории на ФК Вардар, а потоа и еден ден да заиграм за репрезентацијата на Македонија. Секако сон е да стигнам и до првиот тим на клубот.

23

9. Како течат моменталните подготовки на ваша генерација ?

Поради снежните прекривки на академијата првата недела работевме во балон во населбата Драчево. Сега сме на нашата академија, каде тренерот вредно и напорно работи со нас. Се работи на физичка подготовка, воигрување на тимот како и различни тактички задачи кои тренерот ги бара на секој нареден тренинг од нас.

10.Во среда заминувате за Бугарија, каде ќе настапувате на силен турнир “Балканика куп“. Кои се вашите очекувања?

-На Балканика куп очекуваме да освоиме прво место. Противниците се атрактивни, можеби и најсилни но и ние не сме за потценување. Со нашата вредна и напорна работа се надевам дека ќе постигнеме задоволителни резултати на овој турнир.

vardarfans-naslovna

Звонко Ивановски