Генерацијата 2007 на македонската фудбалска репрезентација се наоѓа во Белград, каде ќе биде дел од мини турнир.
Денес ќе играме против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, додека утре на програмата е натпревар со екипата на Војводина. За овој турнир, селекторот на Македонија, Драган Начевски повика и играч од редовите на Вардар. Се работи за стоперот Милош Спасовски, кој ќе има можност да се докажува во националниот дрес.
Тука се и голем број на вардарови играчи, кои од почетокот на сезоната се преселија во Академијата на ФФМ.