Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Мартин Спировски: Нашата игра со тек на време се подобробрува и се гледа поголема желба за докажување
Мартин Спировски: Нашата игра со тек на време се подобробрува и се гледа поголема желба за докажување

Мартин Спировски: Нашата игра со тек на време се подобробрува и се гледа поголема желба за докажување

Помладите пионери стигнаа до втората победа во пролетниот дел од сезоната, откако во саботата на домашен терен беа подобри од екипата на Милано. Ова е многу важен триумф за оваа генерација за подигнување на самодовербата во продолжение од сезоната. Со овие бодови сигурно дека ќе се искачиме место погоре на табелaта. Против врниците од Куманово славевме минимално со 1:0, а стрелец на голот беше Мартин Спировски.

-Со оглед на тоа дека екипата на Милано е на предпоследното место се надевавме на полесен натпревар со целосна доминација на теренот. Сепак момците од Милано покажаа цврст карактер и не дозволија многу шутеви кон нивниот гол ,иако се надевавме на поубедлива победа. Нашата игра со тек на време се подобробрува и се гледа поголема желба за докажување. Среќен сум што го постигнав единствениот гол на натпреварот, а уште посреќен што допринесов за добиените три бода од овој напревар. После овој триумф првото место на табелата не е недостижно, со тоа што ни треба уште подобра игра и повеќе погодоци, изјави Мартин Спировски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски