Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Започнува ЕП за Македонија, во него шест играчи од Вардар
Започнува ЕП за Македонија, во него шест играчи од Вардар

Започнува ЕП за Македонија, во него шест играчи од Вардар

Вчера и официјално започна Европското првенство во Полска за играчи до 21 година. На отварањето, во дербито на колото, Шведска и Англија одиграа 0:0, додека пак Словачка победи со 2:1 против домашната репрезентација на Полска. Денеска пак, не очекуваат вистинските возбудувања на овој турнир. Од 20 часот и 45 минути Македонија ќе се соочи со големата Шпанија. Во нашата група од 18 часот играат уште Србија и Португалија.

Во овој тим на Милевски има дури шест играчи од редовите на Вардар. Станува збор за: Игор Алексовски, Бесир Демири, Бобан Николов, Дарко Велковски, Петар Петковски и новото засилување на Вардар, Висар Муслиу. Речиси сигурно е дека првите четворица ќе започнат од првата минута, додека пак на клупата за резерви шанса ќе чекаат Муслиу и Петковски Петар.

Им посакуваме многу успех на нашите млади играчи денеска и воопшто на целото ЕП.