За претстојниов викенд е предвиден стартот на пролетниот дел во младинските фудбалски лиги. Победа од Прилеп ќе биде прв пролетен предизвик за младите вардарови надежи.
Во сабота, на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, пионерските екипи ќе бидат домаќини на Победа. Натпреварите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Во недела, кадетите и младинците ќе гостуваат во Прилеп, на теренот со вештачка трева. Саатниците се исто така од 10 и 12 часот.