Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Академија Пандев , прв пролетен предизвик за младинските фудбалски екипи на Вардар
Академија Пандев , прв пролетен предизвик за младинските фудбалски екипи на Вардар

Академија Пандев , прв пролетен предизвик за младинските фудбалски екипи на Вардар

Во сабота и недела ќе се одигра првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите екипи за противник на стартот ја имаат Академија Пандев. Пионерските екипи се домаќини на теренот во населбата Јане Сандански, додека кадетите и младинците гостуваат во Струмица.

Помладите пионери се домаќини на своите врсници од А.Пандев, меч кој се игра во сабота со почеток од 10 часот на теренот во населбата Јане Сандански. Првиот натпревар во есенскиот дел заврши во корист на противникот кој тогаш во Струмица славеше со резултат 2:0. Избраниците на Сашо Јанев тргнуваат од седмата позиција во вториот дел од сезона, со 17 освоени бодови или шест помалку од првопласираниот тим на Металург. Црвено-црните сеуште се во борба за титулата, а за шансите да бидат зголемине ќе биде потребно победа на првиот пролетен натпревар. Уште поголем  императив за нашите млади надежи е поразот во Струмица, а Вардарци со победата против Пирин од Благоевград покажаа дека се наоѓаат во добра форма.

Домашен натпревар ќе имаат и пионерите на Вардар против истиов противник, кој веќе еднаш го совладвме во првото коло. Тогаш избраниците на Сашо Тодоровски славеа со резултат 2:4, на гостувањето во Струмица. По завршување на есенскиот дел, оваа генерација се најде на второто место на табелата со само еден бод помалку од екипата на Шкупи. Во зимскиот преоден рок нашата екипа ја засилија неколку играчи, кои се надеваме дека ќе го подигнат нивото на играта и ќе донесат дополнителен квалитет. Тука се Христијан Димов, Јовица Радевски, Стефан Наумчески и Фирот Реџепи.  Вардарци имаат за задача во пролетниот дел да ја одбранат двојната титула, што ја освоија минатата сезона. Мечот против Академија Пандев се игра во сабота со почеток од 12 часот во Аеродром.

Многу важен натпревар во првото пролетно коло ќе имаат и кадетите на Влатко Колев кои се во борба за трофејот во првенството. Тие имаат само еден бод помалку од моменталниот лидер, тимот на Работнички. Во првото есенско коло, Вардарци со пресврт успеаа да слават на домашниот терен против екипата на Академија Пандев (3:2). Иако цело второ полувреме игравме со играч помалку, успеавме при водство да ја зачуваме мрежата незатресена и да ги освоиме првите бодови во новата сезона. Во однос на составот кој ќе тргне во пролетниот дел нема некои промени. Единствено си замина Андреј Кировски, а дојде Харбин Купа. Дуелот со Академија Пандев се игра во недела во Струмица од 12:30 часот.

Гостување во Струмица имаат и младинците на ФК Вардар кои беа есенски шампиони во лигата. Избраниците на Љупчо Марковски имаа десет победи и само еден пораз во првиот дел од сезоната и два бода повеќе од второпласираната екипа на Шкендија. Во првото есенско коло, црвено-црните на домашен терен ја совладаа Академија Пандев со голот на Едис Хамзиќ. Интересно е да видиме со каков составб ќе излезе тренерот Марковски на првиот пролетен меч, со оглед дека неколку играчи од младинската екипа беа со првиот тим ан подготовките во Анталија. Тројца играчи имаат и репрезентативни обрски со селекцијата до 18 години. Тоа се Колевски, Стојчевски и Т.Тодоровски кои денес го играат вториот контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора. Мечот со А. Пандев се игра во недела од 14:30 часот.