Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Статистиката говори дека ФК Вардар бил подоминантен, повеќе удари во гол од Динамо, повеќе стативи, повеќе корни…
Статистиката говори дека ФК Вардар бил подоминантен, повеќе удари во гол од Динамо, повеќе стативи, повеќе корни…

Статистиката говори дека ФК Вардар бил подоминантен, повеќе удари во гол од Динамо, повеќе стативи, повеќе корни…

По крајот на мечот во вторникот помеѓу нашиот љубимец фудбалскиот клуб Вардар и хрватскиот шампион Динамо Загреб преполниот стадион замина со жалење бидејќи бевме многу блиску до изедначување 2-2, а можеби доколку погодувавме со поголем процент и ќе поведевме со 3-2. Имавме многу прилики, но “фортуната“ беше на страна на “модрите“ во овој дуел.

komiti-9

Статистиката од мечот покажува дека во повеќето категории имаме далеку подобри бројки од загребчани, освен се разбира во најважната “погодоци“ каде имаме гол помалку. Најпрвин кога ќе погледнеме во категоријата корнери црвено-црните имаат пет во однос на гостинските три што покажува дека повеќе наши шанси нивната одбрана исфрлила во корнер и со тоа се спасила од погодок. Кога сме кај ударите дирекно во гол ние имаме четири, а противниците еден директен ( првиот гол не се смета дека е нивни директен удар). Во категоријата удари во статива/пречка  која сите нас на овој меч највеќе не натажи бидејќи ударите се најдоа во оваа, а не во погодоци, во гол конструкцијата ние погодивме три пати наспроти само еден погодок во конструкцијата од нашите ривали. Исто така две акции наши завршија со офсајт за разлика од ниту една на “модрите“, тие правеа и повеќе прекршоци за да ја прекинат нашата игра дури 21 на спроти нашите 12. Треба да се има верба пред реваншот само да подсетиме Спарта Прага не доби дома со 2-3, но тогашните момци во црвено-црниот дрес одиграа нагости на „се или ништо“ и беа конкурентни за изненадување и ако истото не се случи.