Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Статистика пред неделниот натпревар на ФК Вардар
Статистика пред неделниот натпревар на ФК Вардар

Статистика пред неделниот натпревар на ФК Вардар

Во недела започнува новата сезона во првата македонска фудбалска лига. Одбраната на титулата нашиот ФК Вардар ќе ја започне во Струмица и тоа на ”домашен” терен против тимот на Слога од Чаир. Нашиот шампион и минатата сезона на самиот старт се сретна со овој противник. На тој натпревар, одигран на 9-ти август беше нерешено, односно 2-2, головите за нашиот тим ги постигнаа Блажевски Дејан и Ивановски Филип, гостинот израмни во 90 минута преку Османи.

Изминатава сезона овие два типа се сретнаа уште на три пати, на сите следни три натпревари нашиот тим славеше победа. На 18 октомври минатата година, нашиот тим на Чаир победи со високи 3-0. Потоа следуваше уште еден натпревар на Чаир, и таму нашиот тим победи, овој пат минимално со резултат 1-0. Последниот натпревар се одигра во Пробиштип, на кој Вардар беше “домакин”, тој натпревар заврши со победа на нашиот тим од 2-0.

Очекуваме во недела триумфално отварање на новата сезона. Напред Вардар!