Првиот круг од шампионатот на Македонија мина одлично за тимот на Вардар. Без ниту еден пораз, со седум победи и само два нерешени исхода Вардар успеа да собере вкупно 23 бодови што го прави лидер на табелата со седум бодови повеќе од тимовите на Академија Пандев и Шкендија.
По одиграниот прв круг на натпревари статистиката во редовите на Вардар изгледа вака:
Најмногу одиграни дуели (сите досега) Гачевски, Мицевски, Битанг, Брдаровски, Лира и Новак.
Најмногу голови: Барсегјан (4), Брдаровски (3), Лира (2), Новак (2).
Најмногу жолти картони: Битанг (4), Новак (4),
Најмногу минути: Гачевски (810), Новак (810), Брдаровски (807), Мицевски (807).
Постигнати/примени голови: 14/4 +10