Помладите пионери на ФК Вардар се есенски шампиони во лигата. Претходно направивме преглед на сезоната со сите остварени резултати, а во овој текст ќе ви изнесеме статистика за играчите кои се дел од оваа генерација.
Најмногу минути поминати на теренот во оваа генерација има Давид Љушев кој одиграл вкупно 1.226 минути, додека втор е Јаневски Игор со 1.166 минути, а трет е Бесар Гуџуфи со 1.106 минути.
Во есенскиот дел нашите играчи забележале дури 24 жолти картони, а имавме и едно исклучување и тоа уште на отварање на сезоната, кога поради два жолти исклучен беше Гуџуфи.
Вака изгледа статистиката за оваа генерација, кај бројот на натпревари се смета настапот на играчот во текот на мечот, без разлика дали започнал во стартниот состав или пак влегол во текот на натпреварот.