Александар Ставрев ќе ја дели правдата на вториот 1/4 финален натпревар помеѓу Шкендија и Вардар кој што ќе се игра во Тетово во среда со почеток во 14 часот. Помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Никола Костенчев.
Вардар на овој дуел ќе треба да победи или да одигра нерешено со дадени голови бидејќи првиот меч во Скопје заврши 1:1.