Предмалку беше извршено ждребувањето на судиите за престојното коло во ПМФЛ кое ќе биде одиграно овој викенд. За делители на правдата на мега дербито Вардар – Шкендија, можеа да бидат само двајца судии. Во потесниот круг влегоа Димитар Мечкаровски и Александар Ставрев.
Ждребот сакаше дербиот да му припадне на Александар Страврев од Скопје. Се надеваме на добро делење на правдата на Ставрев кој важи за одличен судија.
Натпреварот ќе биде одигран во недела со почеток во 14 часот.