Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Спировски претставен во Ференцварош
Спировски претставен во Ференцварош

Спировски претставен во Ференцварош

Стефан Спировски и официјално е промовиран во нов играч на унгарски Ференцварош. Спировски одма по историскиот успех и пласманот на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа, ги финализираше личните услови за трансфер во овој унгарски тим.

Спировски стави потпис на двегодишен договор. Колку Вардар доби од овој трансфер сеуште не е познато. Инаку, исто така Вардар денеска ја промовираше замената за Спировски, која се вика Вања Марковиќ.

Му посакуваме многу среќа на Стефан во новата средина.