Она што ,,Вардар Фанс” го најави вчера, денеска доби и официјална потврда. По пет сезони минати во дресот на Вардар, Владица Брдаровски ја менува средината и во новата сезона ќе настапува во Косово во екипата на Дрита од Гњилане.
Брдаровски како што најавивме, потпиша едногодишен договор со шампионот на Косово. Брдаровски веднаш му се става на располагање на Ардијан Нухиу. Своето деби во новиот дрес треба да го има токму на Градски, против Силекс во меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа на 17 септември.
Му посакуваме успех на Брда во новата средина и еден ден да се врати во нашиот ФК Вардар.