ФК Вардар реди победи и се искачува на првенствената табела. Вчера на стадионот во населбата Ново Лисиче целосно беше пополнета единствената трибина, а меѓудругите можеа да се забележат и екс фудбалери на клубот, играчи на други екипи, легенди на Вардар, па дури и капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов.
Стоилов уште еднаш на дело покажа колку го сака Вардар и навивачите на клубот, па заедно со нив навиваше во текот на целиот натпревар вчера. Секоја чест за капитенот на ракометниот клуб. Навивачите на Вардар не му останаа должни, па во еден момент од трибините ечеше ,,Столе мајсторе”.
Фото: Кочо Сотировски