Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Лука Стојковски од генер. “2003“ тренира со кадетите и младинците, на Хиподром
Лука Стојковски од генер. “2003“ тренира со кадетите и младинците, на Хиподром

Лука Стојковски од генер. “2003“ тренира со кадетите и младинците, на Хиподром

Веќе деветти ден, кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар тренираат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, каде ги одработуваат главните подготовки за пролетниот од натпреварувачка сезона. Се тренира два пати дневно, а голманите работат под палка на Саша Илиќ, кој работеше и во првиот тим на ФК Вардар, во периодот кога на клупата беше Гоце Седлоски. Најмладиот голман кој тренира со двете највозрасни екипи кои се натпреваруваат во првенството, е Лука Стојковски, кој е роден “2003“ година и настапува токму за оваа генерација во рамките на регионалната-скопска лига. Тука се уште и Матеј Андов, како и највозрасните Методија Велковски и Бојан Тимевски.

-Тренинзите во хиподром се одвиваат одлично, ги имаме сите неопходни услуви за квалитетни тренинзи. Секако задоволен сум затоа што тренирам со младинците и кадетите и мислам дека ова е големо напредување за мене. Тренерот на голманите, Саша Илиќ ни овозможува добра работа и сум задоволен од неговите тренинзи, истакна најмладиот Лука Стојковски.