Во рамките на 17.првенствено коло во Втората Лига-Запад, на стадинот „Борис Трајковски“ во Маџари, екипата на Вардар ќе биде домаќин на Тетекс.
ФФМ ги делегираше судиите за „братскиот“ натпревар на двете екипи. За главен судија е одреден Владимир Ѓорѓиевски (Битола), додека негови помошници ќе бидат Јовче Кокевски (Битола) и Владимир Митревски (Битола).
Натпреварот ќе се одигра во сабота (26.02) со почеток од 14:00 часот.