Во рамките на 22.коло во Втората Лига-Запад, ФК Вардар ќе гостува кај екипата на Гостивар.
ФФМ за главен судија го делегираше Влатко Илиоски од Прилеп, додека негови помошници ќе бидат Зоран Костоски и Марјан Смилкоски од Прилеп.
Натпреварот ќе се одигра во сабота, на градскиот стадион во Гостивар со почеток од 16:00 часот.