Главен судија на утрешниот натпревар Победа – Вардар ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје. Помошници на Јакимовски ќе му бидат Неделкоски Дејан и Петрески Гоце исто така од Скопје. Четврти судија ќе биде Младеновски Марјан.
Дуелот на овие две екипи се игра утре со почеток од 15.00 часот и тоа на стадионот во градот Штип. Очекуваме нова победа на нашите играчи и зацврстување на првата позиција на табелата.