Во четврток на арената “Филип Втори“ ќе се одигра реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа, помеѓу екипите на Вардар и Пјуник.
Уефа ја делегираше судиската тројка за овој дуел, која доаѓа од Северна Ирска. За главен делител на правдата е одреден Јан МекНаб, додека негови помошници ќе бидат Стивен Бел и Рајан Келси. Четврти судија на мечот ќе биде Томас Кларк.
Мечот во четврток ќе започне од 19:00 часот, а црвено-црните ќе “бркаат“ негатива од еден гол.