Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2003“ година се есенски шампиони во регионалната скопска лига. Избраниците на Томче Трајановски ја завршија полусезоната убедливо на првото место со максимален број на освоени бодови. Дел од оваа надежна генерација на ФК Вардар е Петре Тасевски. Се работи за доста интересно момче, кое го краси борбеноста и мотивот за докажување. Важен дел од екипата кој има големо значење во добрите резултати на составот предводен од тренерот Трајановски. Токму во следниов текст ве запознаваме со Петре Тасевски.
-Уште од првите чекори најдобра и најомилена играчка ми беше топката. Предизвик за фудбалот ми е неговата игра и неизвесноста, сакам да кажам дека фудбалот е испирација за победа. Моите први почетоци беа во Фамос кај тренерот Оливер Младеновски на седум годишна возраст.
За прв пат оваа сезона, генерациите родени “2002“ и “2003“ година се натреваруваат во една поинаква лига,
-Во регионалната лига е поголем предизвикот за докажување и покажување на својот успех во фудбалот бидејќи сега ние сме “натпреварувачи” за место во фудбалот. Детската лига преставуваше отскочна даска за сите нас што сме фудбалерчиња во помали генерации. Нели ние сме број еден академија во македонија” успехот е заеднички на нас фудбалерите и тренерите што вредно работеа цела сезона.
Оваа генерација веќе успеа да освои еден трофеј од турнирот кој беше во организација на општината “Гази Баба“. Во есенскиот дел се на првото место во лигата, а исто така се пласираа во полуфиналето на националниот куп.
-Турнирот во Гази Баба се одржа во размери на цела генерација од 2003 од сите клубови што учествуваа на турнирот.На почетокот на самиот турнир ние бевме фаворити за освојување на првото место и тоа го оправдавме, станавме шампиони на турнирот. Новиот тренер си го направи своето, постигнавме титула “Есенски шампиони” и стигнавме до полуфиналето на купот. Задоволни сме од нашата игра и во лигата и во купот од изиграните утакмици ние постигнавме максиум победи а ниеден пораз.
На почетокот на новата сезона неколку нови играчи дојдоа во оваа генерација кои го пополнија местото на заминатите.
-Со доаѓањето на новите играчи го подобривме квалитетот и успехот е очигледен. Со заминувањето на неколку играчи нашиот клуб опстои, само тие ни недостасуваат како другарчиња. Во оваа сезона и во изминатата почнавме да играме различен фудбал.Самите тренинзи кои беа тешки и предизвикувачки не напраија вистински натпреварувачи.
Ова е трета сезона за Петре во црвено-црниот дрес со надеж дека оваа сезона неговата екипа ќе стигне до двојната круна.
-Во ФК Вардар тренирам три години, го сакам клубот и ќе се борам во иднина да се натпреварувам за првиот тим на ФК Вардар. Очекувањата се големи а тие ни даваат сила за подобра игра и повторно голем успех. Јас верувам во нас и нашата цела екипа дека со заеднички труд ќе стигнеме до двојна круна.
Звонко Ивановски