Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > ТЕРМИНИ ЗА ПРЕНОС! Фудбал , ЖРК Вардар од Ф-4 , Скопски маратон и Македонски бисер
ТЕРМИНИ ЗА ПРЕНОС! Фудбал , ЖРК Вардар од Ф-4 , Скопски маратон и Македонски бисер

ТЕРМИНИ ЗА ПРЕНОС! Фудбал , ЖРК Вардар од Ф-4 , Скопски маратон и Македонски бисер

Викендов не чека сериозна шанса да се закитиме со доста трофеии во неколку конкуренции , дел од овие настани ќе можеме да ги проследиме на малите екрани , во продолжение термините и телевизиите каде ќе можеме ги проследите мечевите.

Жрк Вардар во Будимпешта ќе одигра во сабота 1/2 финале со Будуќност , а во недела ќе игра меч за пласман доколку победи ќе игра за Шампион на Европа , со пораз ќе игра во малото финале за 3 место. ФК Вардар во недела гостува кај Шкендија во Куманово каде ќе може да ја освои титулата во ПМФЛ. На Скопскиот маратон членот на АК Вардар Завировски Петар ќе трча на најдолгата делница од 42 километри . На јакиот 39ти традиционален борачки турнир во Радовиш “Македонски Бисер“ ќе настапи “бронзениот“ од Европското првенство У-23 членот на БК Вардар Зубаиров. И куглариве утре се борат за куп трофеј но за жал овој малку застапен спорт во нашиот медиумски простор нема да има каде да се погледне на ТВ екраните .

ТЕРМИНИ ЗА ПРЕНОС ВИКЕНДОВ СЕ СЛЕДНИВЕ :

  • ФК Шкендија-ФК ВАРДАР- Пренос недела МТВ Собраниски недела 16/30 часот 
  • ЖРК ВАРДАР- Будуќност – пренос Сабота Алфа Телевизија 16/45часот, Недела (14/30часот  натпревар за 3. Место, 17/00часот   – ФИНАЛЕ НА ЛШ)
  • Недела по мечот Шкендија-ВАРДАР  , на МТВ Собраниски канал ќе има репортажи од  СКОПСКИ МАРАТОН и МАКЕДОНСКИ БИСЕР