Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Екипата на Ренова е следниот противник за категориите на Фк Вардар

Екипата на Ренова е следниот противник за категориите на Фк Вардар

Викендов ќе се одигра 17 коло во првенството на младинските категории. Противник на сите наши генерации е тимот на Ренова од Тетово.

-Помладите пионери својот меч, ќе го одиграат во недела на гостнски терен со почеток од 10:00 часот. На првиот дуел одигран во Скопје, црвено-црните забележаа убедлива победа со резултат 7:1. Оваа генерација е во голема борба за Шампионскиот трофеј со екипите на Шкупи и Шкендија.

-До крајот на сезоната пионерите ќе играат само за престиж и за подобар пласман. Избраниците на Ане Андоновски сеуште се без победа во пролетниот дел од сезоната. Во есенскиот дел, Вардар на свој терен беше поуспешен со резултат 3:0. Овие две екипи својот меч, ќе го одиграат во недела со почеток од 12:00 часот.

-Кадетите не би требало да имаат поголеми проблеми во мечот со Ренова, и важат за апсолутни фаворити на овој дуел. Дуелот е закажан за утре со почеток од 10:00 часот на теренот на Локомотива. На првиот натпревар одигран во Тетово, нашите надежи ги освоија трите бода победувајќи со 0:2. Кадетите се наоѓаат на првото место на табелата, со предност од 4 бода пред најголемиот конкурент, екипата на Шкендија.

-Младинците ќе се обидат да сврзат две победи и да одат погоре на табелата. Мечот е закажан за утре во 12 часот на теренот на Локомотива. На првиот дуел во есенскиот дел, Ренова минимално победи со резултат 1:0.

Фото: ТК Медиа