Слободниот викенд заради настапите нa A-селекцијата на Македонија, црвено-црниот тим го искористи за пријателски натпревар. Вчера, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, тимот на Александар Васоски, ФК Вардар беше домаќин на второлигашот Тетекс.
На оваа средба нашата екипа оствари сигурна победа со резултат 3-0 (2-0). Младиот Омерагиќ во 16. минута погоди за предност од 1-0. Вардарци во 35.минута успеаа да ја удвојат предноста преку Дарко Глишиќ кој стрелаше за 2-0, резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел по само три минути фудбал, Биљали ги постави конечните 3-0 на оваа средба.
Вардар во следната 11.рунда од ПМФЛ ќе го игра градското дерби против Работнички.