Генерацијата “2008“ на ФК Вардар која е најмлада екипа која се натпреварува во детската лига, денеска играше во големото финале. Избраниците на Павел Неделковски се сретнаа со екипата на Талент Битола која ја совладаа со 4:1 и дојдоа до титулата.
Уште од првата минута тргнавме на овој дуел со битолчани да постигнеме погодок за наше водство. Тоа и ни успеаа во првиот напад, Ненад Дамјановски погоди за 1-0 веќе во првата прилика за црвено-црната генерација 2008. Арти Азизи во продолжение имаше две прилики за нас кои не ги претвори во погодок. Денеска најдобриот поединец кај вардарци, Ненад Дамјановски одлично под гредата со силен удар успеаа да го удвои водството, погоди за резултат од 2:0 на оваа средба. До крајот на првиот дел битолчани успеаа да постигнат погодок за намалување на резултатот на 2:1. Со тој резултат се замина на одмор на овој натпревар.
Во вториот дел тргнавме претпазливо со цел да дојдеме до победа на овој натпревар и да не дозволиме на екипата на Талент Битола да изедначи и да го внесе натпреварот во егал. Ненад Дамјановски повторно таличен за битолчани тој погодува во вториот дел за 3-1. Противникот имаше две прилики во продолжение во првата шутна крај голот, во втората одбрана за Лука Грчески,. Тимот од Битола се обиде да ја преземе инцијативата и да не нападне во финишот со цел да се спасат од пораз, но сепак и покрај нивната ангажираност нашата одбрана беше на висина на задачата и недозволи изненандување. Со новиот четврти гол, Ненад Дамјановски стави точка на ова финале. Нено стрелаше за 4-1, резултат со кој дојдовме до титулата во оваа генерација во детската лига.
Честитки до целиот тим и тренерот!