Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се знае кој владее во Скопје, лесна победа на Вардар во Чаир!

Се знае кој владее во Скопје, лесна победа на Вардар во Чаир!

Вардарци продолжуваат со шампионскиот танц, попладнево “црвено – црните” лесно се справија и со тимот на Слога. Овој меч нашиот тим го доби со резултат 0:2 (0:1). Головите за нашиот тим ги постигнаа Балотели и Барсегјан. Со оваа победа, Вардар замина на дури 13 плус предност пред Шкендија.

Првата шанса на мечот ја имаше Блажевски по една добра топка од Барсегјан, голманот Зендели оваа топка ја одби во корнер за нашиот тим. По првата посериозна шанса Вардар дојде до предност. Се играше 20. минута, Балотели доби една одлична топка, го мина голманот на домаќините и стрелаше прецизно за 0:1. До крајот на првиот дел Вардар имаше и шанси преку Попов и Барсегјан, но за жал мрежата мируваше.

barsegjan-fkvВториот дел започна со шанса на противникот, Бериша биеше од 20. метри но само покрај голот на Гачевски. Само 9. минути им беа потребни на вардарци да постигнат погодок во вториот дел. Фелипе од корнер центрираше одлично, топката стигна до Барсегјан, кој одлично биеше со глава за удвојување на предноста. Во 63. минута во игра влезе Глигоров на местото на Блажевски. Потоа во 69. минута повторно Барсегјан се закани, но неговиот удар за малку заврши над голот на Зендели. Во 72. минута Седлоски во игра го внесе и Џигаури на местото на  Балотели. Во 85. минута во игра влезе и младиот Колевски на местото на Барсегјан. До крајот на мечот Вардар рутински си ја доврши својата задача за нова победа.