Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се најде во ТОП-200 на вечната листа на УЕФА за Л.Ш.

Вардар се најде во ТОП-200 на вечната листа на УЕФА за Л.Ш.

УЕФА објави листа на најдобрите 500 клубови во Европа  кои имале забележителни резултати во Лигата на шампионите, заедно со квалификациите во ова натпреварување. Се работи за додување Европската куќа на фудбалот се од формирањето во 1955 година како Куп на Европските Шампиони па до денешната Л.Ш.

Од македонските клубови на оваа објавена листа далеку  најдобро е пласиран нашиот љубимец, македонскиот  шампион Вардар. Тој е позициониран  на 174-та позиција. Од македонската фудбалска елита   во ТОП 200 има место и за соседот , составот на Работничи, којвсе наоѓа на  181. позиција.