Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тошевски: Играме добро, во добра форма сме, и јас верувам дека добрите резултати и победите од првенството ќе продолжат и во Купот
Тошевски: Играме добро, во добра форма сме, и јас верувам дека добрите резултати и победите од првенството ќе продолжат и во Купот

Тошевски: Играме добро, во добра форма сме, и јас верувам дека добрите резултати и победите од првенството ќе продолжат и во Купот

Кристијан Тошевски го најави утрешниот натпревар, надевајќи се дека ќе го освои и третиот Куп пехар со третиот клуб во кариерата, откако претходно тоа го стори со Тетекс и со Пелистер.

„Очекувањата се секогаш големи кога е во прашање Вардар. Покрај тоа што одиме на првото место, од нас се бара да атакуваме и на пехарот во Купот. Имаме 1:1 од првиот натпревар, и тоа значи дека утре ќе треба како знаеме да постигнеме еден гол. Верувам дека тоа ќе го сториме и дека ќе одиме во идната фаза од Купот. Играме добро, во добра форма сме, и јас верувам дека добрите резултати и победите од првенството ќе продолжат и во Купот“, изјави Тошевски.

„Можеби се во мала предност поради домашниот терен и поради тоа резултатот од првиот натпревар. Меѓутоа тој резултат и теренот не мора ништо да значат. Ние сезонава секој натпревар го играме на неутрален терен и на некој начин се навикнавме. Се надевам дека ќе успеам сезонава да го освојам третиот пехар од Купот со третиот клуб во мојата кариера“, рече бекот на „црвено-црните“.

Вардар на утрешниот дуел ќе мора да постигне најмалку еден погодок ако сака да помине во наредната фаза.