Фудбалкото дерби кај генерацијата на помалди пионери му припадна на Вардар, кој во рамките на седмото првенствено коло беше подобар од Победа од Прилеп. Овој меч го добија избраниците на Сашо Тодоровски, кој славеа со двата гола на капитенот Костовски. По првото полувреме имавме водство од 1:0 и во второто постигнавме уште еден гол за конечни 2:0. Речиси идентично ги постигнавме и двата гола и тоа од прекини, кога нафрли Дамјан Трајановски, кој го пронаоѓаше Костовски, кој беше присебен и ја погоди противничката мрежа. Во изјава за нашиот сајт, Трајановски ги сподели впечатоците од триумфот во дербито со Победа.
-Со оглед на тоа дека ова беше дерби натпревар кој одлучуваше за првото место, влеговме многу мотивирано и заслужено победивме. Се работи за одличен противник кој беше прв на табелата,и тоа не мотивираше максимално да истрчаме и да ја пробиеме нивната одбрана која е меѓу најдобрите во лигата. Овој дуел го изигравме добро, имавме посед на топка бевме понадмоќни, создадовме многу шанси и заслужено ги освоивме трите бода. Ние никого не потценуваме, на секој натпревар одиме на победа и нашата цел е двојна круна.
Звонко Ивановски