Чуварот на мрежата на фудбалскиот клуб Вардар во генерација родени “2004“ година продолжува со големите признанија од меѓународните фудбалски турнири. Во периодот од 1-6-ти-април неговата екипа беше дел од турнир во Бугарија, “Евима Куп-Банско 2016. На овој турнир младите Вардарци го освоија четвртото место на кој забележаа две победи и два нерешени резултати, без ниеден доживеан пораз. На крајот како и вообичаено беа доделувани наградите за најдобри поединци.
Признанието за најдобар голман му припадна на Стефан Тасев кој заслужено беше избран за најдобар чувар на мрежата. Тој успеа на целиот турнир да прими само два погодоци, што е одлично достигнување. Инаку ова е третта ваква награда за Стефан од турнирите во Бугарија, а вкупно чевртта за него во изминативе нешто повеќе од осум месеци. Да потсетиме дека Вардаровиот член беше прогласен за најдобар голман на турнирот во Благоевград, кој се играше во месец септември минатата година, продолжи со истово признание на турнирот “Фер Плеј куп“ во Охрид. Во 2016 година неговата колекција на освоени пехари се збогати на турнирот “Балканика куп“ во Бугарија, како и на штотуку завршениот турнир “Евима куп“ во истава земја. Ретко кој млад голман може да се пофали со вакви лични признанија за толку краток период. Стефан е ден од најзаслужните за добрите резултати на Вардар во детската лига, а на последниот натпревар во лигата доби можност да заигра и како последен играч во дефанзивната линија на својот тим. Несомнено дека се работи за голема надеж и врвен голман кој располага со огромен потенцијал и квалитет, пред кого претстои блескава иднина. Голем удел во неговиот напредок има и легендарниот Слободан Мутибариќ, кој има можност да работи со него во малдинските категории на ФК Вардар.