Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2003 реди победи во лигата, Работнички нова “жртва“

ФК Вардар генер.2003 реди победи во лигата, Работнички нова “жртва“

Денес од  14-00 часот се одигра дуел на генерацијата  родени “2003“ помеѓу екипите на  Вардар и Работнички. Мечот беше  во рамките на 3 првенствено коло за нашите млади надежи во новата лига . Овој натпревар се одигра на теренот на Алумина и во истиот славеа црвено-црните. тренерот на оваа генерација Трајановски се одлучи денес да стартува со овој состав: на голот Стојковски, Марковски, Трпезановски, Ѓорговски, Давидовски, Пашариковски, Стојановски, Прелоговски, Мирков , Андрески и Мешкоски.

Три од три во лигата за генерација  “2003“.

Три од три во лигата за генерација “2003“.

Денес ја забележавме третата победа во новата лига од исто толку досега одиграни мечеви. Во првото коло забележавме победа против Македонија Ѓ.П (0:7), додека во второто бевме убедливи во дуелот со екипата на Башкими (17:0). Денес повторно победивме убедливо со резулат 6-1. Доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра уште во првото полувреме кога отидовме на одмор со резулат 4-0. Во вториот дел тренерот на оваа генерација Томче Трајановски во игра ја уфрли резервната постава од клупата, но и таа беше доволно доминантна за да ја зголеми предоста до кајот. Двоен стрелец беше Антонио Мирков,  а по еднаш успешно реализираа : Пашариковски Иван, Лука Стојковски, Петар Давидовски и Марио Петрушевски. Со оваа победа го задржавме сто процентниот ефект сезонава во лигата.