Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Трето место за ФК Вардар генер. 2009, додека генер. 2006 заврши на четвртото место, на турнирот „Пирин Куп“
Трето место за ФК Вардар генер. 2009, додека генер. 2006 заврши на четвртото место, на турнирот „Пирин Куп“

Трето место за ФК Вардар генер. 2009, додека генер. 2006 заврши на четвртото место, на турнирот „Пирин Куп“

Денес финишираше меѓнародниот младински турнир во фудбал „Пирин Куп“ на кој настапија и три генерации на фудбалскиот клуб Вардар.

Генерацијата 2009 на ФК Вардар предводена од Никола Глигоров го освои бронзениот медал на турнирот. Утрово во борбата за третото место по втор пат на турнирот ја победивме екипата на Национал од Софија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:0. Матеј Николов беше играчот кој ни донесе предност од 1:0, додека Качман Сулејман ги постави конечните 2:0 на овој дуел за бронзата.

На целокупниот турнир нашите млади надежи одиграа вкупно шест натпревари, остварија пет победи и само еден пораз кој не стигна во полуфиналето.

Генерацијата 2006 предводена од Филип Спасески заврши на четвртата позиција, откако денес во „малото финале“ беше совладана минимално од екипата на Хебар (0:1). Голот го примивме од контра напад, Вардар имаше повеќе од играта, но не успеа да ја затресе противничката мрежа. На овој дуел бевме без Ајетовиќ кој замина со репрезентацијата, додека Нурединовски поради температура не беше во можност да се стави на располагање за овој натпревар.

Вардар: Краљевски, Николов, Ордевски, Јанковски, Спасовски, Миовски, Цониќ, Величковски, Танчев, Николовски и Алији.