Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Сите три генерации на ФК Вардар се пласираа во 1/2 финалето на турнирот „Пирин Куп“
Сите три генерации на ФК Вардар се пласираа во 1/2 финалето на турнирот „Пирин Куп“

Сите три генерации на ФК Вардар се пласираа во 1/2 финалето на турнирот „Пирин Куп“

Денес продолжија натпреварите на меѓународниот турнир „Пирин Куп“ за генерациите на ФК Вардар. Пласман во полуфиналето обезбедија генерациите 2007 и 2009, како и 2008 која вечерва го игра својот натпревар против Славиа од Софија.

Генерацијата 2007 денес ги одигра останатите два натпревари во групната фаза. Утрово за противник ја имавме екипата Спорт Вилаж од Бугарија, од која бевме подобри. Победата ја остваривме со резултат 4:2. Петар Давитов постигна два гола, додека по еден беа дело на Фуад Керими и Михаил Јорданоски. Во одлучувачкиот натпревар за пласман во полуфиналето се сретнавме со екипата на Реал Пловдив, на еден интересен натпревар со многу голови, конечниот резултат гласеше 3:3. Повторно Петар Давитов постигна два гола, додека Марко Крстевски беше стрелец на еден гол.

Оваа генерација на Вардар со 4 освоени бодови го освои второто место во групата. Во полуфиналето избраниците на Влатко Колев ќе се сретнат со екипата на Черно Море Варна, натпревар кој на програмата е утре од 08:00 часот по македонско време.

Генерацијата 2009 денес го одигра последниот натпревар во групата, кој го загубија од екипата на Витоша 13 од Софија. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 2:1, стрелец на единствениот гол беше Коста Бошковски.

Сепак Вардар успеа да заврши на второто место во групата со 6 освоени бодови и да се пласира во полуфиналето. Таму ќе игра со домашната екипа на Пирин која го освои првото место во другата група. Полуфиналниот дуел со Пирин ќе стартува утре од 11:00 часот.