Saturday ,18 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Три генерации на ФК Вардар во сабота ќе го одиграат редовното коло во детската лига
Три генерации на ФК Вардар во сабота ќе го одиграат редовното коло во детската лига

Три генерации на ФК Вардар во сабота ќе го одиграат редовното коло во детската лига

Три генерации на ФК Вардар во сабота ќе ги одиграат своите натпревари од редовното коло во детската лига. Активни ќе бидат само генерациите 2006, 2007 и 2008 година, додека генерациите 2009 и 2010 нема да настапат во недела со оглед дека нивниот тренер Илија Колевски со генерацијата 2009 во недела заминува на турнир во Бугарија, на која ќе настапат уште и генерациите 2006 и 2007 на Филип Спасевски.

Ви го претставуваме распоредот на одигрување мечеви за трите вардарови генерации, сите ќе бидат одиграни во сабота на терените на ФФМ.

Вардар (1) генер. 2006 – Фљамуртари 08:30

Вардар (2) – Њу Јорк  09:40

Вардар (1) генер. 2007 – Нова Колонија  16:30

Вардар (2) – Форца   15:30

Вардар (1) генер.2008 – Драчево 1  09:30

Вардар (2) – Драчево 2   10:30