Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации “2007„ “2008„ и “2009„ ќе играат во полуфиналето на турнирот “Кул Куп„
Вардаровите генерации “2007„ “2008„ и “2009„ ќе играат во полуфиналето на турнирот “Кул Куп„

Вардаровите генерации “2007„ “2008„ и “2009„ ќе играат во полуфиналето на турнирот “Кул Куп„

Трри генерации на фудбалскиот клуб Вардар обезбедија полуфинале на турнирот “Кил Куп„ кој се игра на стадионот на ФК Цементарница. Генерациите родени “2007„ “2008„ и “2009„ година се пласираа во најдобрите четири екипи на турнирот, во својата возрасна категорија.

2

Возбудливо и интересно полуфинале одиграа Вардар и Работнички, кај генерацијата родени “2009„ година. Иако Вардар имаше негатива од еден гол, во последните пет минути од мечот направи резултатски пресврт и мора да се напомене дека на крајот успеавме заслужено да победиме. Првите удари кон противничкиот гол ги имаше Јаков Стојковски, кои завршија покрај голот. Се закани и противникот, но успешно одбрани нашиот голман. Гледавме натпревар на кој вардарци имаа најголем дел од играта. Покрај двата постигнати голови можеме да жалиме што пред време не го решивме победникот.

1

Јаков Стојковски на два пати ја погоди пречката и од голот на Работнички. Казната стигна на спротивната страна, кога противникот успеа да постигне гол и прв да дојде до предност. Не се откажаа избраниците на Зоран Петковски, напротив продолжија да напаѓаат со цел да постигнат гол. Конечно среќата не посака кога најпрво ја погодивме стативата, а одбиената топка стигна до Јаков Стојковски, која ја смести топката во мрежата на противникот за израмнување на 1:1. До крајот на мечот останаа уште неполни пет минути, а Вардар сакаше во регуларниот дел да го реши победникот. Тоа и се случи речиси во последната минута од мечот, при една мешаница во голманскиот простор на Работнички, најдобро се снајде Даниел Колевски кој постигна гол за голема радост и ги постави конечните 2:1 на овој натпревар.

3

Полуфинале на турнирот обезбеди и генерацијата на Вардар родени “2007„ година кои во полуфиналето се сретнаа со екипата на Драчево . На овој меч славевме минимално со 1:0 со погодокот на Стефан Младеновски. Имавме уште неколку прилики за поголема победа, но на крајот целта беше остварена и Вардар денес ќе се бори да избори пласман во големото финале.

Генерацијата родени “2008„ година исто така ќе играат во полуфиналето на турнирот, откако во четвртфиналето ја совладаа екипата на Ал Барса, со резултат од 3:2. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој дуел. Тоа беа Матео Кесиќ, Стефан Бранковски и Арти Азизи.

Денес сите три генерации ги очекуваат полуфиналните и евентуални финални мечеви на турнирот.