Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Трајчевски, Личина и Даци дел од репрезентацијата до 18 години, за контролните натпревари против Азербејџан

Трајчевски, Личина и Даци дел од репрезентацијата до 18 години, за контролните натпревари против Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација до 18 година на 1 и 3-ти јуни ќе одигра контролни натпревари со врсниците од селекцијата на Азербејџан. Двата дуели ќе бидат одиграни на тренинг центарот “Петар Милошевски“ со почеток од 10:30 часот. Овие мечеви се дел од подготовката за откомвриските квалификации во Полска за пласман во елитната група на Уефа.

Селекторот на оваа репрезентација, Јетон Несими за претстојните натпревари против Азербејџан повика и тројца играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот Филип Трајчевски, стоперот Есмин Личина и играчот од срединот ред со офанзивни задачи Ердон Даци. Единствено во составот од претходните натпревари го нема Вардаровиот играч Дарко Додевски, како и Виктор Димков кој сеуште не е доволно опоравен од повредата која ја здоби токму на натпреварите за Македонската репрезентација.