Тројца играчи на фудбалскиот клуб Вардар ќе бидат дел од неофицијалното светско првенство во Италија, на кој ќе настапат 16 репрезентации поделени во четири групи. Меѓу нив е и Македонската селекција до 15 години која веќе се наоѓа во Италија и се подготвува за првиот натпревар, кој на програмата е во среда.
Македонија се наоѓа во група со домаќинот Италија, минатогодишниот освојувач, репрезентацијата на Америка, како и селекцијата на Хрватска. Првиот меч избраниците на Златко Златановски го играат во среда против врсниците од Хрватска. Во составот на Македонија за овој силен меѓународен турнир се и троја играчи од Вардар, кои настапуваат за генерацијата родени “2003“ на ФК Вардар. Се работи за капитенот Петар Давидовски, потоа Филип Ѓорѓоски и Лео Андрески. Токму тие ќе го претставуваат Вардар на ова првенство во Италија, на кој учество ќе земат силни репрезентации.