Во претстојниов период два контролни натпревари ќе одигра младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години. Во Скопје ќе гостуваа соодветната репрезентација на Црна Гора, натпревари кои ќе се одиграат на 20 и 22.април.
За овие пријателски натпревари, селекторот на Македонија У17 повика и тројца играчи од редовите на Вардар. Марко Стојилевски, Никола Величковски и Филип Јовановски ќе ги бранат боите на Македонија на овие дуели.