Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора победа во пролетниот дел на детската лига за генер. 2007, прва за тимот на Вардар (1)
Втора победа во пролетниот дел на детската лига за генер. 2007, прва за тимот на Вардар (1)

Втора победа во пролетниот дел на детската лига за генер. 2007, прва за тимот на Вардар (1)

Денес на терените на ФФМ, второто пролетно коло во детската лига го одигра генерацијата 2007. Ова беше прв натпревар за екипата на Вардар (1) кој убедливо го совлада својот противник, тимот на Албион. Екипата на Вардар (2) службено го доби својот натпревар против екипата на Сарај, која не пристигна на мечот.

3

Вардар (1) утрово одигра одличен меч, на кој високо го порази тимот на Албион. Момците на Горан Петрески постигнаа девет голови во противничката мрежа и имаа уште неколку добри прилики за уште поубедлив триумф. Екипата на Албион даде отпор само во првите десет минути од мечот, кога се уште одолеваше на нашите напади. Прв кој се закани беше Томовски, кој од левата страна се обиде, но биеше само над голот, додека после прв обид имаше и Младеновски, но одбрани голманот. Иницијативата ја претвараме во погодок, а резултатот го отвори Александар Грашески кој ни донесе водство од 1:0.

7

Следеа минути во кои се закани и противникот, но нашиот голман Јаневски во два наврати не дозволи денес неговата мрежа да биде затресена. Вардарци играа како по „ноти“ доминираа на теренот и создаваа акции за погодоци. Една од нив ја претвараат во гол, кога Марко Киш продре од десната страна, даде топка до Младеновски, а овој ја заби за водство од 2:0. Во контра се обиде Грашески, но шутира над голот, додека истиов играч можеше да постигне нов гол, но немаше среќа, кога ја погоди стативата од противничкиот гол. До крајот на првото полувреме, проследивме нов гол во мрежата на Албион, прв гол денес и за Иван Блажевски, кој погоди за 3:0, во акција во која учествуваше и Младеновски.

4

Немаше ниту квалитет, ниту сила екипата на Албион во второто полувреме, па што поскоро чекаа да заврши мечот. За разлика од противникот, Вардар делуваше самоуверено и како тогаш да започнал натпреварот. Младеновски прв биеше директно, но само крај голот. Во листата на стрелци успева да се запише и Злате Радевски, кој со лоб удар го матира голманот за водство од 4:0. Во следниот период се заканија Блажевски и Младеновски, но нивните удари ги брани голманот на Албион. Во овој дел од мечот, противникот немаше ниту една сериозна акција кон нашиот гол, па Јаневски беше без работа во овој дел од мечот. Шансите се редеа, а со тоа и погодоците за нашиот тим.

1 2 5 6

Откако Младеновски асистираше до Грашески, овој успешно погодува за зголемување на 5:0, додека Марко Киш после нафррлена топка од корнер, со глава ја погоди топката, која заврши во мрежата, за водство од 6:0. Не застанавме тука, па во последните пет минути од мечот постигнавме уште нови три голови. Со силен удар, Александар Грашески погоди за 7:0, додека истиов играч после асистенција од Томовски, постигна гол и за 8:0. Конечните 9:0 на овој дуел ги постави Иван Блажевски кој постигна евро гол од голема далечина, можеби и најубав на денешниот натпревар.