Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар победи со 0:4 и се пласираше во 1/8 финалето
Вардар победи со 0:4 и се пласираше во 1/8 финалето

Вардар победи со 0:4 и се пласираше во 1/8 финалето

Вардар лесно и убедливо го совлада тимот на Вардар Форино, и обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Купот. Денешниот натпревар нашиот тим го доби со резултат (0:1) 0:4, а стрелци на головите беа Максимов (2) и по еден Антовски и Попзлатанов.

Во 23. минута Вардар успеа да го скрши отпорот на домашниот тим. По акцијата почната од одбраната на нашиот тим, топката стигна до Поплзатанов кој го проигра Максимов на левата страна, кој што рутинирано ја смести топката во долниот лев агол. Во вториот дел, односно во 60. минута повторно Максимов стрелаше за 0:2. Третиот гол беше дело на младиот Антовски кој по трета асистенција на Попзлатанов, од десетина метри во пад ја спроведе топката во мрежата и го постигна третиот гол за Вардар. Пет минути подоцна до тогаш тројниот асистент Попзлатанов се запиша во листата на стрелците. Најдовски убаво проби по средината на теренот, стигна до левата страна од каде го проигра Попзлатанов кој што беше сам и спроведе во празната мрежа.

18920-so-chetiri-gola-od-forino-vo-slednata-faza-od-kupot

ВАРДАР Ф. – ВАРДАР  0:4 (0:1)

Стрелци: 0:1 Максимов 22’, 0:2 Максимов 60’, 0:3 Антовски 74’, 0:4 Попзлатанов 79’

ВАРДАР Ф.: Лимани, Ибраими (75’ Исеини), Имери, Зендели, Џемаили (50’ Амети), Ејупи, Велиу (62’ Шазију), Зубери, Садики, Баки, Ќаили.

ВАРДАР: Кировски, Тошевски (57’ Антовски), Манев, Херанц, Максимов (73’ Младеновски), Талески, Најдовски, Попзлатанов, Тодороски, Адем, Бериша (70 Реџепи).