Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Некој нов Вардар, се е полесно кога игра Фелипе!
Некој нов Вардар, се е полесно кога игра Фелипе!

Некој нов Вардар, се е полесно кога игра Фелипе!

Вардар дојде до втората победа во Анталија, попладнево вардарци на убедлив начин го победија тимот на Заглебје Лубин со резултат 3:0 (1:0). Головите за Вардар ги постигнаа Блажевски, Фелипе и Барсегјан. Следниот дуел на Вардар е в сабота.

Вардар по првиот дел имаше предност од 1:0 над тимот на Заглебје Лубин. Во првите 45. минути вардарци створија неколку шанси за гол, додека пак противникот немаше некоја посериозна закана кон голот на Гачевски. Првата шанса на мечот ја имаше Фелипе во 15. минута, биеше од слободен удар а голманот на противникот одбрани и одби во корнер. Единствената шанса Заглебје ја имаше во 23. минута, еден играч на полскиот тим упати удар но само во добро поставениот голман Гачевски. Во 26. минута Вардар се закани одново овој пат преку Блажевски, ударот на нашиот играч заврши за малку крај голот. Голот за Вардар дојде во 40. минута, од слободен удар Дејан Блажевски биеше прецизно под рацете на противничкиот голман за предност од 1:0. Со овој резултат се замина на пауза.

fkv

Вториот дел за Вардар почна одлично, во 48. минута Фелипе со одличен силен удар го матираше голманот на противникот за 2:0. Веќе во 52. минута Заглебје можеше да дојде до гол, одличен удар упати еден противнички играч но топката заврши во стативата од голот на Гачевски. Во 57. минута Вардар дојде и до убедливи 3:0, Барсегјан со финта одкосо измами еден противнички играч биеше и постигна гол за веќе 3:0. Во последните петнаесетина минути во игра кај Вардар влегоа Тошевски, Цветаноски и Бериша. Во последните 15. минути од натпреварот Заглебје се обидуваше да дојде до почесен погодок но не успеа, со резултат 3:0 заврши денешниот дуел.