Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Десет голови во мрежата на Форца, ФК Вардар генер. 2004 го одржи чекорот за трофејот
Десет голови во мрежата на Форца, ФК Вардар генер. 2004 го одржи чекорот за трофејот

Десет голови во мрежата на Форца, ФК Вардар генер. 2004 го одржи чекорот за трофејот

Генерацијата на ФК Вардар родени 2004 година славеа убедливо на денешниот меч во рамките на регионалната-скопска лига. Црвено-црните на домашен терен ја пречекаа екипата на Форца, која ја совладаа убедливо со резултат 10:1.

Тренерот Ѓорѓиевски го започна мечот со следните 11: Ангелов, Љушев, Каровски, Милошевски, Јаневски, Ѓорѓиевски, Дошев, Ибраим, Гуџуфи, Анчевски, Стоимов.

Во игра влегоа уште и Мишовски, Попов, Хајдари, Ивановски Перковски и Стојановски.

Бесар Гуџуфи беше играчот кој успеа да го отвори резултатот за 1:0 во 3.минута од натпреварот. Само три минути подоцна, во листата на стрелци се запиша и Левент Ибраим, додека истиов играч во 10.минута му донесе водство на Вардар од 3:0. Се играше 20.минута од дуелот кога со хет-трикот на Левент Ибраим, црвено-црните веќе имаа водство од 4:0. Треба да се напомене дека екипата на Форца денешниот дуел го одигра само со 10 играчи. До крајот на првото полувреме постигнавме уште два гола. Најпрво во 33 минута Кристијан Ѓорѓиевски зголеми на 5:0, додека со својот прв гол денес Горазд Попов го зголеми водството на 6:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Прв кој постигна гол во вториот дел беше Кристијан Ѓорѓиевски, со кој поведовме со 7:0 во 48 минута, додека во листата на стрелци се запишува и Игор Јаневски, за убедливо водство од 8:0. До крајот на мечот беа постигнати уште три гола, од кои два во мрежата на Форца и еден во нашата мрежа. Стрелци на последните два гола за Вардар беа Горазд Попов и Кристијан Ѓорѓиевски за кој ова беше хет-трик. На тој начин беше поставен конечниот резултат од 10:1.

На две кола пред крајот на сезоната, Вардар се наоѓа  на втората позиција со бод помалку од екипата на Работнички