Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлив старт на сезоната во регионалната лига за ФК Вардар генер. “2004“ која високо го победи Работнички
Убедлив старт на сезоната во регионалната лига за ФК Вардар генер. “2004“ која високо го победи Работнички

Убедлив старт на сезоната во регионалната лига за ФК Вардар генер. “2004“ која високо го победи Работнички

Денес на теренот на академијата стартуваше новата сезоан во регионалната-скопска лига. Вардаровата генерација “2004“ стартуваше со победа во новата сезона, откако беа подобри од своите врсници од екипата на Работнички. Конечниот резултат на овој меч гласеше 6:1

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Јаневски, Љушев, Милошевски, Богдановски, Павлески, Хајдари,Попов, Стоимов, Гуџуфи, Стојановски.

Првото полувреме помина во целосна иницијатива на вардаровите фудбалери, а екипата на Работнички речиси и да не упати удар кон нашиот гол. Прв кој имаше директен удар кон противничкиот гол беше Димитар Стоимов кој шутира покрај голот. Следен кој се обиде беше Никола Павлески, чиј удар исто така завршува покрај голот на Рботнички. Вардар тргна во целосна офанзива на теренот и беше далеку подобра екипа на теренот. Гуџуфи исто така имаше две изгледни прилики за постигнување на гол, но резултатот остана непроменет. Најблиску до отварање на резултатот беше Исмет Хајдари, кој биеше само во стативата од противничкиот гол.

vardarfans-radost-2

Конечно иницијативата вроди со плод, кога црвено-црните поведуваат со 1:0, со голот на Горазд Попов. Истиов играч се закани до крајот на првото полувреме, но топката оди над голот. Ни беше поништен и гол на Стојановски, поради сомнителна офсајд позиција. По првите 40 минути резултатот гласеше 1:0.

vardafans-2

Продолживме во исто темпо и во второто полувреме, кога во една иста акција најпрво биеше Стојановски, а потоа и Попов, но голманот на Работнички во два наврати одбрани. Противникот не можеше вечно да се брани, бидејки стигна и вториот гол во нивната мрежа. Никола Павлески е сам заслужен за погодокот, кој зема топка од средната на теренот, ја претрча цела одбрана на противникот и пласира во долниот десен агол од голот на Работнички за водство од 2:0. Направени се и неколку измени во нашиот состав. Од игра излегоа Љушев, Гуџуфи и Хајдари, додека во игра влегоа Анчевски, Каровски и Перковски.

vardarfans-1-2

Следи нов погодок во мрежата на Работнички, а прв гол на нововлезениот Сандро Каровски, кој бие прецизно за 3:0. Ништо не се промени на теренот, Вардар беше екипата која постојано напаѓаше и покрај високото водство. Втор пат во листата на стрелци денес се запишува Горазд Попов, кој од непосредна близина бие прецизно за предност од 4:0. Нови измени во составот предводен од Игор Кралевски. Излегоа Гигов, Стоимов, Јаневски и Попов, на нивно место на теренот влегоа Ангелов, Ивановски, С.Стојановски и Сурлов. Гол постигнува и капитенот Георг Стојановски и тоа од корнер ефективно со глава, за веќе петарда во противничката мрежа и водство од 5:0. Почесен гол на натпреварот постигна и Работнички, за намалување на резултатот на 5:1. Поради три корни на противникот, ние изведовме скратен корнер, кој го реализира Матеј Богдановски за водство од 6:1. Претходно од истово место не погоди Георг Стојановски.Конечниот резултат на крајот гласеше 6:1.

Успешно започна сезоната за оваа генерација на Вардар, која е актуелен освојувач на детската фудбалска лига. Ова е едно поинакво искуство за оваа генерација, коај одлично го положи првиот тест во регионалната лига. Ова беше деби меч и за новиот тренер на оваа генерација, Игор Кралевски.